Провалиле во собата на Ангела Меркел


Непознато лице ја користело собата како канцеларија за време на нејзиниот дводневен состанок со функционерите на Христијанската демократска унија.

Германската полиција соопштила денес дека засега непознато лице провалило во хотелска соба, која канцеларката Ангела Меркел ја користела како канцеларија за време на нејзиниот дводневен состанок со функционерите на Христијанската демократска унија.

Според зборовите на претставничката од полицијата за печатот Антје Репер , асега нема индикации дека од собата е украдено било што, а не е пронајден ниту експлозив. Во моментот на провала, до која дошло на 17 септември, Меркел со своите партиски колеги разговарала во истиот хотел воо Нојрупинг во близина на Берлин, но не на истиот спрат.

Засега е непозната причината за провала во службената просторија на канцеларката, а полицијата ја продолжува истрагата. Претставникот за печат од Христијанската демократска унија одбил да ја коментира таа случка.

Tags: , ,

Александар Младеновски

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1