Проверката на гласовите на пратениците поединечно го потврди двотретинското мнозинство


Проверката на гласовите на пратениците поединечно го потврди двотеретинското мнозинство

80 пратеници го прифатија предлогот на Владата за пристапување кон уставни измени во склад со Договорот со Грција за промена на името во Република Северна Македонија. За потребата од уставни промени гласаа 80 пратеници од присутните 117 пратеници. 39-мина беа против.

Пратениците првично гласаа електронски, а потоа по предлог на координаторот на-ДПМНЕ Драган Данев се прејде на поединечно гласање. Дел од пратениците на ВМРО-ДПМНЕ гласаа за уставни промени.

Владанка Авировиќ, Нора Исмаили Старова, Крсте Мукоски, Сашо Василевски, Љубен Арнаудов, Зекир Рамчиловиќ, Елизабета Канческа-Милевска… се имињата од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ што гласаа за уставните измени.

По две одложувања на веќе закажаното продолжение на 61-та собраниска седница, вечерва во 22 и 20 часот конечно почна продолжението на седницата.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1