Прстенот на Јованка Орлеанка продаден за 240.000 фунти


Прстенот на француската национална хероина Жана д’Арк (Јованка Орлеанка) продаден е на наддавање во петокот во Лондон на купувач од Франција чие име не се открива за речиси 300.000 илјади фунти со даноците и другите дaвачки, објави аукциската куќа Timeline Auctions.PRSTEN JOVANKA ORLEANKA

Прстенот кој потекнува од XV век бил понуден на наддавање со прогноза дека ќе достигне цена меѓу 10 и 14 илјади фунти, со почетна цена од 8.100 фунти. Но, и покрај фактот што не постои сигурен доказ дека прстенот ѝ припаѓал на Жана д’Арк, тој во петокот бил продаден за многукратно повисока и рекордна цена од вкупно 297.600 фунти.

Според претставниците на аукциската куќа Timeline Auctions, за припадноста на прстенот може да се суди преку сведочењето на самата Јованка Орлеанка на судскиот процес против неа во Руан на 17-ти март 1431 година, кога таа по барање на судиите детално го опишува.

„Прстенот се враќа во Франција“, изјави за новинарите во неделата претставникот на аукциската куќа одбивајќи да го открие идентитетот на новиот сопственик.

Прстенот на продажба го дал синот на личниот лекар на францускиот државник Шарл де Гол во текот на Втората светска војна. Претходно француските влади ја оценува можноста за добивање на правото над оваа реликвија.

Жана д’Арк во текот на ткн Стогодишна војна се истакнала како храбар водач на француските војници. Откако била заробена од Бургундците таа им била предадена на Англичаните, кои ја суделе како еретик и ја запалиле на клада во Руан на 30-ти мај 1431 година. Подоцна таа е рехабилитирана и канонизирана како светица.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1