Прв круг од претседателските избори на 21 април


Претседателски избори на 21-ви април. За тој датум се планира првиот круг кога граѓаните ќе гласаат за шеф на државата. Вториот круг во тој случај би се оддржал за 5-ти мај, информираше претседателот на Собранието Талат Џафери.

Изборите треба да бидат распишани најдоцна на 8-ми февруари.

Во однос на можноста за распишување парламентарни избори, Џафери таа одлука ја остава на политичките партии.

Од најголемата опозициска партија велат дека бојкотот и понатаму е опција, доколку не се исполни нивното барање заедно со претседателските, да бидат одржани и парламентарни избори.

Најавите за бојкот на претседателските се потврда дека Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ немаат поддршка и бараат алиби за поразот што ги чека, реагираат од СДСМ

Во ДУИ, пак, се убедени дека со СДСМ ќе се договорат за претседателски кандидат кој ќе биде прифатлив и за двете партии и кој реално ќе ja отсликува кохезивноста на општеството

Заедно со претседателските ќе бидат одржани и локални избори во три општини, каде што сега има в.д. градоначалници.

Претседателските избори првично било планирано да се одржат на 14 и 28 април, но со оглед на тоа дека на 28 април е Велигден, направено е поместување на датумите.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1