Во велешкиот суд, е донесена првата пресуда заради убивање на животно. 78-годишен велешанец е осуден на условна казна затвор од една година и три месеци, откако малтретирал и убил бездомна мачка.
Очевидците на немилиот настан, во своите изјави потенцирале дека го виделе старецот како го усмртува животното. Иако полицијата со неверување реагирала по пријавувањето, сведоците биле упорни бидејќи го познавале кривичниот законик, во кои стои дека секој кој малтретира животно треба да се казнува,
Од здруженијата за заштита на животните, ги охрабруваат граѓаните да ги пријавуваат ваквите чинови. Тие потенцираат дека во идниот период ќе бараат измена во законот , во кој е пропишана казна само за малтретирање, но не и за убивање животни.