Прва Српска телевизија најпосле го објави датумот кога ќе започне втората сезона од најспектакуларниот музички натпревар во Србија, “Prvi glas Srbije”.
Во сабота, 8ми септември со почеток во 21 часот ќе стартува првата аудиција предвидена за емитување на ова шоу преку кое изминатата година Србија доби навистина квалитетни музички имиња.
Година околу 5000 кандидати ќе се борат за престижната титула, а жирито оваа година го доби и својот нов член. Покрај веќе познатите Владо Георгиев и Саша Милошевич- Маре, на местото на Лена Ковачевич оваа година член на жирито е уште едно познато име со раскошен вокал, Александра Радовиќ. Правилата се веќе познати, кандидатите најпрво мора да поминат елиминаторни кругови, и оние кои ќе добијат зелено светло продолжуваат понатаму.
Што се однесува до тричленото жири, може слободно да се каже дека станува збор за брилијантни музичари од Српската музичка сцена кои несомнено и оваа година професионално и непристрасно ќе го дадат својот музички суд.
Останува сите љубители на ваквиот вид на музички натпревар да го проследат новиот серијал. Изминатата година бевме сведоци на едно шоу на кое навистина не може да му се најде замерка. “Prvi glas Srbije” полека но сигурно започна да создава една музичка традиција која наиде на голем интерес кај публиката. По завршувањето на првата сезона имаше многу коментари, спротивставени мислења за победникот, но тоа е дел од секое натпреварување од ваков вид. Ветува изјавата на Владо Горгиев за прва српска телевизија дека годинава има уште поквалитетни кандидати. Судејќи по тоа како изминатата година се одвиваа работите, покрај вистинско музичко уживање публиката ќе ужива и во оригиналната смисла за хумор и коментарите на жирито кое навистина остават свој значаен и траен печат