Во фабриката за производство на автомобили „Ауди“ работат на тоа да повеќе нема потреба нивните клиенти да се занимаваат со вртење на воланот и на тоа постојано да забрзуваат и забавуваат во густиот сообраќај.
Имено со псотавените камери и сензори во автомобилот, до брзина од 60 километри на час, во автомобилот самостојно ќе може да се управува, преку автоматски пилот.
„Ние веќе имавме натпревар да видиме кој може најдолго да вози со затворени очи“, открива еден од инжинерството на роботиката во тимот на Ауди, Бјорн Гизлер.
„Најдолго беше 15 секунди“, дополнува Бјорн.
Ова е најновиот напредок во потрага по возач автомобил, додека вие седите и уживате во возењето.
„Лехус“ минатата недела исто така најави планови за возење на автомобил, додека интернет гигантот Google е лиценциран за тестирање на аутопилоти авотомобили во Невада.
Целта на Ауди е да го отстрани стресот од постојаните брзања во сообраќајните метежи. Системот го насочува автомобилот на безбедно растојание од другите возила, со брзина до 60 километри на час.
Возачот едноставно ќе мора само да ги стисне копчето за автоматизам.
Сепак ваквиот систем си има свој недостатоци. Доколку сакате да ја промените лентата ќе мора да се фатите за воланот.