Првиот синдикалец избрка новинари од седница на Советот на ССМ


По наредба на претседателот на Сојузот на синдикати Живко Митрески, новинарите грубо избркани од денешната седница на Советот. Тој со помош на обезбедувањето ги избрка екипите на Алсат М и на Вест, а на останатите воопшто не им дозволи да влезат во зградата, со образложување дека седницата ќе биде затворена. А, на седницата тензично. Според информациите од присутните, за малку ќе дошло и до физичка пресметка. Причината била изнесените податоци за незаконското работење на Митрески.
ssm sindikati

„На денешната седница која не личеше на седница, баравме Митрески да ни ги достави сите трансакции, уплати и исплати од неа како би виделе дали како што тој вели, работи транспарентно и дека сметката не е злоупотребена. Даде збор дека на наредна седница ќе се донесат сите материјали, фактури и изводи за тоа од каде се донирани парите“, рече Дарко Димовски – секретар на Совет на ССМ.

Синдикатите на индустрија, енергетика, рударство, на Управата, правосудски органи и здруженија, на Одбраната и на Угостителство и туризам, тврдат дека имаат докази оти претседателот работел самоволно и без знаење на телата на Сојузот на синдикати. Отворил втора сметка на која што доаѓале средства за кои што синдикатите немале инфромациија колкави се и од кого се.

Тој без дозвола од членството отворил повеќе жиро сметки и со синдикалните пари живеел луксузен живот. Според документацијата и изводот од сметките на ССМ, Митрески повлекувал пари од добивката на фирмата „Син – аг“ која е основана од ССМ. Тој земал и секој месец по 13 илјади денари за одвоен живот иако има стан во Скопје, бил животно осигуран на непозната сума, а само во еден ден со синдикални пари платил 1.500 евра за кафеана.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1