Од полицијата потврдија дека околу 13 часот во обид за грабеж на златара во Дебар се ранети две лица. Според првичните информации неколку лица, најверојатно маскирани се обиделе да ги ограбат златарите, при што сопствениците им се спротивставиле. Во тој момент дошло до вооружена престрелка, а повредени се две лица, најверојатно сопственици на златарите. Очевидците на настанот пак велат, дека едно лице е загинато.
Разбојниците се обиделе да ограбат златара која се наоѓала во центарот на Дебар при што избила престрелка. Двајца се повредени, а полицијата засега не соопштува дали меѓу ранетите има и разбојници. Повредените се префрлени во дебарската болница, додека полицијата врши увид. Повеќе детали надлежните најавија во текот на попладнето.
Фото Курир