Владин авион со кој патувал грчкиот министер за надворешни работи Евангелос Ванизелос во Италија, принудно слетал во Солун, откако во кокпитот пукнало стакло на прозорецот.
Како што соопшти Министерството за надворешни работи на Грција, проблемот се случил на висина од 11.300 метри, поради што авионот слетал на најблискиот аеродром во Солун.
Винизелос патувал од Турција во Милано, каде ќе присуствува на состанокот на министрите за надворешни работи на ЕУ.