Пуштен во продажба мобилен телефон за четиригодишни деца


Нов мобилен телефон со ограничени функции наменет за мали деца се појави на британскиот пазар, јави ББЦ.

Telefon-za-decu-500x296„1stFone”, производ на компанијата CyCell Ltd, е со големина на банкарска картичка и нема екран, пристап на интернет или функција на испраќање на пораки

Единствени функции се примање и испраќање повици, а 12 важни броеви можат да се меморираат

Телефонот е наменет за деца од четири до девет години на кои не им треба технолошкото чудо како смартфон, но можеби ќе им затреба уред преку кој ќе можат да им се јават на родителите во итен случај.

Телефонот засега може да се нарача преку интернет, а цената му е 55 фунти. (4.000 денари).

„Сакавме да дизајнираме производ што е привлечен за децата, кој нема премногу функции, а на родителите им остава целосен надзор и обезбедува витална врска со детето”, соопштија од компанијата што го произведува телефонот

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1