Рускиот претседател Владимир Путин смета дека нацрт договорот за создавање на Евроазиската економска унија ќе биде потпишан во планираниот рок, до мај 2014 година, а до јануари 2015 година ќе започне со работа.
Зборувајќи на седницата на Високиот евроазиски економски совет, Путин нагласи дека главната цел на Русија, Белорусија и Казахстан е да се прејде на ново ниво на заемна соработка, која ќе овозможи создавање на Унија.
Претседателот нагласи дека најважни се гаранциите за неограничено движење меѓу државите на стоки, услуги, капитал и работна сила.