Според светските медиуми, претседателот на Русија, Владимир Путин денеска им наредил на началникот на Генералштабот на руските вооружени сили Валериј Герасимов и министерот за одбрана Сергеј Шојгу да ги стават руските сили за нуклеарно одвраќање во состојба на специјална борбена готовност.
![](https://mkd-news.com/wp-content/uploads/2022/02/putin768.jpg)
„Можете да видите дека западните земји не само што преземаат непријателски дејствија кон нашата земја во економската сфера туку и највисоките функционери на земјите од НАТО даваат агресивни изјави против нашата земја, затоа им наредувам на министерот за одбрана и на началникот на Генералштабот да ги стават силите за одвраќање на руската армија во состојба на специјална борбена готовност“, рекол Путин.