Путин не доаѓа во Охрид – Охриѓани не губат надеж за догодина


Нема одговор на поканата на здружението на граѓани „Богојавление“ испратена до рускиот претседател Владимир Путин за присуство на одбележувањето на големиот православен празник Богојавление – Водици. Но, од здружението се оптимисти дека тој би можел да дојде во наредните години, бидејќи како што информираат од Богојавление, на годинашново чествување на Водици ќе имало негови претставници, пишува OhridNews.

vodici-Немаме одговор од Путин се уште, но мислам дека ќе присуствуваат негови претставници и доколку тој не дојде, тие ќе му пренесат колку е величествено во Охрид, па можеби следната година ќе дојде претседателот на Русија, изјавил Димитри Пендовски од ЗГ „Богојавление“.

Тој истакнал дека подготовките за одбележување на Водици 2013 се во завршна фаза и дека се е подготвено за нов спектакл во Охрид на 19-ти јануари.

OhridNews

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1