Путин: Сакаат да ја расцепкаат Русија, како што направија со Југославија


Рускиот претседател, Владимир Путин денеска изјави дека одредени сили сакаат да ја расцепкаат Русија, како што е примерот со Југославија.

putin ju-Се обидуваат да не расцепкаат. Погледнете што направија со Југославија. Расцепкаа на делови и сега манипулираат со се што можат-рече тој, одговарајќи на прашања во живо, од еден граѓанин од Санкт-Петербург.

Како што пренесе „Итар тас“ Путин директно не одговори кој конкретно сака тоа да го направи.

-Доколку погледнете што се случува и сами ќе одговорите на своето прашање, кој тоа го прави. Со вековите е предмет на меѓународна политика конфликтот помеѓу Русија и Украина, поделбата, расцепкувањето на еден народ-истакна рускиот претседател.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1