Шокантно: Одбил да му помогне на маж кој паднал на шините – возот го прегазил мажот


Патниците кои го чекале возот на перонот во подземната железничка во Њујорк, се обиделе да му помогнат на мажот кој паднал на шините, но кога возот поминал, се што можеле да направат било да ја свртат главата и да не го видат ужасот.

Инцидентот се случил уште на 28. декември 2013. година, но снимката е објавена деновиве, а ја објавил пријател на лицето кое снимало со телефон.

На снимката се гледаат двајца патници кои скокаат на шините и му помагаат на мажот кој вика. Го повикале и лицето кое снимало да им помогне, но снимателот одбил тоа да го направи, пренесе Дејли мејл.

voz-sn

Во тие моменти возот поминувал, а двајцата мажи се качиле назад на перонот, на сигурно. Иако група патници се обиделе викајќи да му дадат знак на возот да запре, сепак возот не успеал да запре и преминал преку мажот на шините.

За среќа, мажот преживеал. Лицето кое го снимило видеото, меѓутоа, морало да да се правда за причината поради која не помогнало. Снимателот на социјалните мрежи напишал дека бил пијан и дека тоа била причината што не помогнал.

Скај.мк

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1