Рускиот претседател Владимир Путин и неговиот американски колега Барак Обама се обратија на Генералното собрание на ОН, по што присуствуваа на свечена вечера
Нивното однесување на вечерата ја заинтересира светската јавност.
По завршувањето на говорот американскиот претседател дошол до масата на која било предвидено да седи и кога со пијалак во раката почнал да наздравува, целосно го игнорирал шефот на руската држава.
Дали намерно или случајно, Обама во секој случај се однесувал како да не го забележува Путин.
Политичките аналитичари различно реагирале на однесувањето на двајцата лидери, едни сметаат дека Обама намерно го игнорирал Путин од политички причини, други велат дека тој едноставно не го забележал во моментот.
Малку подоцна Обама и Путин сепак наздравиле, но како што може да се забележи на фотографиите американскиот претседател бил „ладен како мраз“, а рускиот лидер мала, незабележлива насмевка.