Русија за свој приоритет во Сирија го прогласила апсењето на Џихади Џон, високорангиран џелат на Исламската држава, за кој сметаат дека би им донел голема пропагандна предност, тврдат американски извори.
Рускиот претседател Владимир Путин наводно се подготвува за испраќање на специјални единици во Сирија за да го пронајде британскиот џихадист, на кој вистинското име му е Мухамед Емвази. Имено, овој убиец станал главна мета на Русија, после кој би можеле да се сконцентрираат и на лидерот на ИСИС, Абу Бакр ал-Багдади.
Американците тврдат дека на Русите сега им е полесно да се впуштат во разни операции кои вклучуваат специјални единици, бидејќи Путин во Сирија го викнал претседателот Башар ал-Асад.
„Постои страв дека руските сили ќе почнат да целат на големи играчи како Џихади Џон и лидерот на Исламската држава. Таквите успешни апсења за нив би биле огромен пропаганден потег. Исто така, Путин би можел да рече дека неговите силни тактики го постигнале она што Западот не може, а тоа би бил голем удар за американскиот престиж“, изјавил американскиот извор, пишува порталот Express.hr.
Џихади Џон стана еден од најомразените луѓе на ИСИС, откако прв пат се појави на видео снимка која беше објавена онлајн во октомври 2014 година, а на која го убил американскиот новинар Џејмс Фолеј.
Облечен во црно, при што му се гледаат само очите, тој продолжи да ги снима убиствата, па негови жртви биле и американскиот новинар Стивен Сотлоф, британските хуманитарци Давид Хајнес и Алан Хенинг и американскиот хуманитарец Питер Касиг.
После неколку месеци шпекулации за неговиот идентитет, Џихади Џон е откриен како Британец роден во Кувајт.
Порано оваа година, Дејвид Камерон објави дека сака да го фати Џон „жив или мртов“, додавајќи дека двојно ќе го зголеми бројот на дронови кои се насочени кон ИСИС.