Едно лице загина, а уште едно се бори за живот во свлечиште предизвикано од работи на пат, дознава Press24 од полициски извори.
Според информациите денеска околу 11:15 часот во близина на селото Бачиште при работи на пат дошло до свлечиште кое зафатило две лица. Тие итно биле префрлени во Медицинскиот центар во Кичево, каде едниот им подлегнал на повредите.
-Второто лице според нашите информации се наоѓа во критична состојба и лекарите се уште се борат за неговиот живот, објави порталот.
Информацијата за Press24 ја потврди и полицијата