Работниот стаж ќе може да се откупи – до пензија со 1.400 денари за еден месец


Сите граѓани на кои им фали работен стаж за да добијат пензија, ќе можат да го откупат. Собранието усвои закон и се очекува овие денови да излезе во службен весник, а со тоа и да стапи во сила. Од Пензиско – инвалидскиот фонд информираат дека околу 60 илјади лица ја чекале оваа можност, пренесува ТВ21.

„Лицата кои наполниле 65 години а немаат 15 работен стаж поради неплатени придонеси, ќе можат да ги откупат тие години од стажот за да добијат старосна пензија. Од Пензискиот фонд информираат дека оваа можност ја чекале околу 60 илјади лица. За еден месец сумата за откупување стаж е 1400 денари“, истакна репортерот на ТВ21.

Директорот на Пензискиот фонд, Шаип Зенели вели дека на повеќето граѓани им фали стаж од неколку месеци, но дека има и такви на кои им фалат 3 или повеќе години.

„Доколку некој има 14 години работа и 14 години стаж, му фали една година, за таа една година тој бил вработен, но од страна на правниот субјект не му е платен стажот. Доколку таа фирма не постои или е во стечај, или е одјавена во целост во централен регистер, тоа лице таа една година може да ја плати и да го искористи правото на пензија“, истакна Шаип Зeнели.

Пресметувањето на сумата за исплата ќе се прави врз основа на 20% од просечната плата од претходната година објавена од Државниот завод за статистика. Можност за откупување на стажот имаат и членовите од семејството на осигуреник кој починал. Со тоа може да се спроведе реализација на правото на семејна пензија.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1