Работниците кои го произведуваат Ајфонот масовно умираат од рак


Apple веќе ги истражува фабриките кои се задолжени за производство на делови за популарниот паметен телефон iPhone во Кина, после откритието дека голем број од младите работници заболеле или починале од леукемија, пренесува британскиот Daily Mail.smartfon-ajfon-5-roboti-kineski-novinar-epl-1347564969-208216
Најмалку 13 работници во рани дваесети години уште од 2010-тата година па наваму заболеле од леукемија во фабриката Foxconn во градот Шенжен, а петмина веќе починале. Семејствата на починатите работници веруваат дека причина за појавата на леукемија е фактот дека работниците се изложени на опасни хемикалии, меѓу кои се и оние кои се користат за чистење на печатените електронски плочи. Се претпоставува дека бројот на работници кои би можеле да заболат од ваков вид на канцер е далеку поголем.

smartfon-ajfon-5-roboti-kineski-novinar-epl-1347564993-208220
Уште поцрно нешто во целата оваа приказна е дека заболените работници се отпуштаат, а нивните фамилии се оставаат без никаква материјална помош. Компанијата Apple споменатите тврдења ги сфаќа премногу сериозно и веќе го истражува проблемот во фабриката во Шенжен, каде 230.000 кинески мигранти неделно произведуваат два милиона iPhone телефони.smartfon-ajfon-5-roboti-kineski-novinar-epl-1347564962-208214

Детали за заболените од леукемија се појавија веќе минатиот месец, кога гигантот од Купертино објави дека ќе престане со користење на две потенцијално токсични хемикалии при процесот на производство на нивниот паметен телефон iPhone, benzene и n-hexane.aPPLe_620x0
Сите 13 лица кои заболеле од канцер се на возраст помеѓу 19 и 24 години. Нивните семејства тврдат дека надредените нивни колеги никогаш не им објасниле за потенцијалните опасности на нивните работни места, како и тоа дека за заштита од опасните хемикалии се користат само пластични ракавици и маски за лице.

новинската агенција Шангај ивнинг пост, се обиде и успеа да инфилтрира свој новинар во фабриката каде што се прават ајфоните за да го проследи целиот процес на изработка.

Новинарот, кој сака да остане анонимен, во фабриката „Фоксконн“ во Кина, работел 10 дена. Првите 7 дена бил на обука, за после да го постават да работи на задниот дел на ајфоните.

новинарот го става акцентот на „ПОВЕЌЕ САМОУБИСТВА“ и објаснува, шефовите на оделите ги терале работниците да работат и до 10 часа во смена, а за екстра часовите добивале бонус од 4 долари.за време на целото работно време тој бил во една позиција и заради тоа тој се здобил со треска, висока температура и мускулна деформација.

Кога се смилувале конечно шефовите го испратиле да го види  дежурниот доктор, тој бил презафатен, бидејќи имало 1 доктор на 10000 работници.
Тој се откажал после 3 дена работа неможејќи да го издржи притисокот и болеста и апелира да се подобрат условите за живот и работа во Фоксконн.

Иако Фоксконн ги отфрли поголемиот дел од обвинувањата, ги премолче сите прашања поврзани со самоубиствата и порача дека треба целиот свет да е среќен што ќе го добие новиот Ајфон на време.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1