СТРАШНО ВО СРБИЈА: Поплавата носи се пред себе – 3 лица исчезнати, дождот уште врне! (ВИДЕО)


Една жена загина, а уште три лица се исчезнати во новите поплави што ја зафатија источна Србија.

Поради огромните поплави и лизгања на земјиштето прогласена е вонредна состојба во општините Кладово, Мајданпек и Неготин, а припадниците на спасувачките екипи продолжуваат со евакуацијата на населението од најзагрозените подрачја. Досега се евакуирани над 500 лица.poplave-kladovo-564x272
Заради огромните поплави и лизгања на земјиштето прогласена е вонредна состојба во општините Кладово, Мајданпек и Неготин, а припадниците на спасувачките екипи продолжуваат со евакуацијата на населението од најзагрозените подрачја. Досега се евакуирани над 500 лица.

Дождот и понатаму продолжува да паѓа во источна Србија. За време на ноќта биле евакуирани повеќе од 500 лица, при што најтешка е ситуацијата во село Грабовица додека жителите на Текије апелираат да им се достави храна и вода како и пумпи за извлекување на водата.

Ова моментално се најзагрозените места во Србија:

1. Текија

Тешката ситуација во местото Текија, кое е отсечено од остатокот од Србија, ги принудила жителите да апелираат да им се достави храна и вода.

Покрај тоа, неопходни им се и пумпи за извлекување на водата од поплавените куќи.

Пристапноста е навистина тешка. последиците од невремето во Текија се катаклизмички бидејќи поплавите однеле цели мостови, нанеле талог насекаде па последователно многу дрва се откорнале од корен.

Грабовица и понатаму е под вода и ова село букавлно е отсечено од светот.

2. Кладово

Претседателот на општина Кладово, Радован Арежин, изјавил за FoNet дека во силното невреме и поплавите кои ја зафатиле во понеделникот оваа општина настрадала една женичка (84), а три лица се сметаат за исчезнати. Поради изливање на реката имало многу одрони на земјиште па Кладово од понеделникот исто така е непристапно.

3. Неготин и Мајданпек

Вонредна ситуација е прогласена и во Неготин и во Мајданпек. За време на ноќта биле евакуирани околу 370 лица, а дождот никако не престанувал. Во загрозените области биле испратени дополнителни сили за спасување, а била вклучена и хеликоптерска единица МУП и Горската служба за спасување.

АЛАРМАНТНА СИТУАЦИЈА ВО ЃЕРДАПСКАТА КЛИСУРА

Share Button

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1