Радовиш: До смрт го претепал својот 8 годишен син


Четириесет и шест годишниот Џ.Ш. од Радовиш вчера го претепал до смрт својот осумгодишен син. Според информациите од полицијата, таткото и синот во последните пет месеци живееле во куќа во близина на Раклишка Река под полигонот во Радовиш.

siluvanoУбиството се случило кога таткото со дрвен предмет му нанел повреди на синот во градниот кош и тупаници во главата, по што детето починало.

Откако увидел дека неговиот син им подлегнал на повредите заедно со другиот малолетен син го однеле во итната медицинска помош при ЈЗУ – Радовиш каде лекарите само ја констатирале смртта на детето.

Увид на лице место извршиле истражен судија и јавен обвинител, по што телото е предадено на обдукција во Институтот за судска медицина Скопје каде е констатирана насилна смрт. Против насилниот татко е поднесена кривична пријава за убиство.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1