Средбата Груевски – Црвенковски заврши без договор


Не е постигнат никаков договор на денешната средба на премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ со лидерот на СДСМ Бранко Црвенковски за надминување на политичката криза.

liderskaКако што изјави Груевски по едночасовната средба, Црвенковски настапил со ултиматум и го повторил барањето за одржување превремени парламетарни избори заедно со локалните, што за ВМРО-ДПМНЕ е неприфатливо.

Груевски рече дека ВМРО-ДПМНЕ не е ниту за тоа парламентарните избори да се одржат истовремено со претседателските.

ВМРО-ДПМНЕ ќе оди на локалните избори, бидејќи, како што наведе, СДСМ не е единствената опозициска партија во Македонија.

Лидерот на СДСМ Црвенковски, пак, изјави дека остануваат на ставот за предвремени парламентарни избори и само во тој случај би се вратиле во Собранието.

Ако нема парламентарни избори СДСМ не се враќа во Парламентот и нема да учествува на локалните избори, рече Црвенковски. Според него, Груевски денеска настапил како ништо да не се случило на 24 декември. Предложил опозицијата да се врати во Собранието и да дијалог да продолжи онаму каде што застанал на 24 декември.

Црвенковски смета дека Македонија се наоѓа во политичка криза и оти излез од неа се парламентарни избори на кои граѓаните би решиле во кој правец државата ќе оди во наредниот период.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1