Рај на земјата – град каде плата е 1200е, кирија 15, ти градат куќа, free интернет, без полиција (Видео)


Мариналеда е мал град во Андалузија во јужниот дел на Шпанија, кој е на површина од 25 километри квадратни и има околу 2.700 жители. Она што е фасцинантно за ова мало место е што е буквално велат рајот на земјата за живот. Градот ти гради куќа, нема невработени, платата е 1200 евра, бесплатно спортување на сите игралишта и стадиони, нема полиција, има бесплатен интернет за цел град.

marinalendamarinelada2Многу разочарани Шпанци сакаат да се преселат во овој град зошто привлекува голем број туристи од целиот свет. Додека останатиот дел од земјата се бори со проблеми, жителите на овој град покажаа дека луѓето можат да живеат добро, ако вреднувајќи ги вистинските вредностите самите си го организираат животот – хармонија, единство, меѓусебно помагање – се она што се цени во овој град. Граѓаните остро му рекоа НЕ на капитализмот и трката по добивка и жакумулацијата на материјалното богатство!

Marinaleda_Sevilla-300x306 105993733_Marinaled_291538c

Жителите отдлучија да отфрлат се од суровиот капитализам – во градот наместо сјајни реклами од банки и брендови како Кока Кола – има многу улична уметност во форма на графити и мурали со пораки на поддршка и солидарност, нешто налик на графитите во Куба и Венецуела. Улиците носат имињата на познати борци за правата на работниците – Федерико Гарсија Лорка и Пабло Неруда се само некои од имињата.

marinaleda_3-960x642marinaleda

marinelada5Додека остатокот од Шпанија се бори со локалните олигарси и странски банки кои ја преземаат земјата, одлуките во овој град се носат директно од граѓаните на демократски начин на состаноци кои секоја недела обично ги посетуваат околу 300-400 луѓе. Додека стапката на невработеност во Шпанија достигна 27 отсто во Мариналеда има постигнато речиси целосна вработеност – работат сите што сакаат да работат и за тоа земаат плата. Просечната месечна плата на вработените е 1.200 евра месечно. Колку е доволна оваа плата за живот покажува фактот дека  цената на трошоците за домување, се 15 евра месечно, јасно е дека со таква плата може да се има доста пристоен живот.

3347103971_f4a712a91bНапливот на луѓе кои сакаат да се населат во овој град е огромен и градот морал да воведе листа на чекање – понекогаш се чека и по две и пол години. Досега се изградени 350 куќи, а во наредните две години треба да биде изградат уште 250 .

жителите самите си ги градат куќите но материјал за изградба им дава градот. Затоа по изградбата плаќате 15 евра месечно на градските власти за да се поврати цената на употребените материјали.

Се разбира, бидејќи не секој знае да гради, властите испраќаат и помош од професионални градители и архитекти да помогнат во изградбата. Куќите не можат да бидат продадени, со што се спречува можноста за профитирање.

marinelada4

Градот, исто така, обезбедува бесплатен пристап до интернет за сите. Има спортски објекти во градот со едвај 2.000 жители, а има две фудбалски игралишта, терен за кошарка, тениско игралиште, игралиште за сквош, одбојка, базен.

Тие сите се достапни бесплатно на жителите (со исклучок на базенот за кои се плаќа минимална годишна членарина). Градот има и има своја црква.

15-5-12marinaleda-setting-under-40-degrees-hot-sun-in-the-square-of-town-hall

Еднаш месечно, сите граѓани се собираат за да споделат идеи за тоа како градот може да биде уште подобар или поубав.

Предлози даваат сите и ако идејата е прифатена, волонтери ја завршуваат оваа работа без разлика дали се работи за средување на улиците, чистење на градот или поправка на домовите.

Градот има своја телевизија и радио канали. Полицијата не постои тука.

gradonacalnik marinaleda

“Според шпанскиот закон, ние, според бројот на населението треба да имаме помеѓу 4 и 7 полицајци. Но, ние не сакаме затоа што, тука се се базира на доброволна основа, заедно се бориме заедно ги прилагодуваме нашите животи, имаме многу висок степен на соживот “, рече градоначалникот Juan Manuel Sánchez Gordillo, кого го нарекуваат шпанскиот Робин Худ.

Тој дури организирал и борба против супермаркетите – влегле во големите супермаркети и земале храна која бесплатно ја делеле.

На обвинувањата дека тоа е чиста кражба тој рекол дека банките и супермаркетите се најголемите крадци и тие треба да се во затвор – но дека тој самиот ќе се уапси ако народот смета дека е крадец.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1