Рајан аир најави – ќе продава лет од Европа до САД за 10 евра


Авиокомпанијата Рајанер е во план да понуди летови од Европа до Њујорк и Бостон кои ќе чинат само 10 евра.

Претседателот на авиокомпанијата Мајкл О’Лири тврди дека враќањето ќе биде уште поевтино, односно ќе чини 7.30 евра, пренесува Дејли Телеграф.

raja airВаквата идеја треба да се спроведе штом ќе ги набават новите авиони. Но некои од аналитичарите велат дека тој процес би можел да потрае и 5 години.

Снижената цена ќе ги покрива само трошоците на летот, што значи дека патниците дополнително ќе мора да ги платата оброците и багажот, како и данокот. Токму од тие трошоци компанијата ќе се обиде да заработи а не од картите. Нивните истражувања покажале дека луѓето се подготвени да ги платат екстра трошоците само доколку картата е евтина, велат од компанијата

„Ние можеме да заработиме на летови во Европа и кои чинат 1 евро, нормално нема секое седиште да чини 10 евра, ќе има и поскапи бизнис места”, рече О’Лири

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1