Европскиот најфрекфентен нискобуџетен авиопревозник, „Рајанер“ ја потврди својата намера дека планира да воспостави авиолинии кон Македонија, односно до скопскиот аеродром „Алескандар Велики“, пренесува порталот „Екс-ју Авиејшн њуз“.
Оваа потврда следува откако премиерот Никола Груевски минатата недела соопшти дека владата преговара со една од најпознатите нискобуџетни авиокомапнии во светот.
Менаџерот за комуникации на „Рајанер“, Робин Кајли, изјави дека моментално се водат преговори со македонската влада за потенцијални линии до скопскиот аеродром. Македонската влада нуди субвенции за нискобуџетни авиопревозници, слични на оние кои ги има овозможено за превозникот „Визер“, кој пак воспостави база во Скопје, но и авиолинии до охридскиот аеродром, „Свети Апостол Павле“.
Според најавите, „Рајанер“ засега преговара само за воспоставување авиолинии од скопскиот аеродром. Во рамки на бившите ЈУ простори, „Рајанер“ лета до Подгорица постојано, додека летовите до Хрватска, како и до базата во Задар, се исклучиво само за летниот период.