Ракометарите ќе поделат 30.000 евра награда за пласманот на ЕП 2014 во Данска


Членовите на машката ракометна репрезентација на Македонија ќе поделат вкупно 30.000 евра како премија за остварениот пласман на ЕП 2014 во Данска. „Црвено-жолтите“ со победите над Швајцарија и над Португалија го продолжија континуитетот од настапите на големите натпреварувања, наскоро сигурно ќе заминат на заслужен одмор, а во меѓувреме на нивната сметка ќе легнат и парите од страна на раководството на РФМ, откако одлуката денеска беше изгласана и на состанокот на Управниот Одбор.
rakomet reprezentacija„Мој предлог е да се дадат премии во износ од 30.000 евра нето, би се исплатила до крај на месец јуни, се надеваме дека тоа ќе биде поттик за понатаму, оние резултати што ќе се прават да бидат наградувани од нас како федерација“ – истакна претседателот Мукаетов.
На денешниот состанок на УО беше најавено дека Македонија ќе поднесе кандидатура за да биде домаќин на група од квалификациите за ЕП 2014 во Полска, кои се на програмата во јануари. Станува збор за максимално талентирана генерација што пред десетина дена во контролни натпревари два пати славеше над Црна гора и што реално има потенцијал да се најде на елитниот континентален собир.
Одложена е одлуката околу изборот на судиски двојки за СЕХА-лигата, како и онаа за барањето на судиите за зголемување на таксите за околу 50%, за што најпрвин ќе треба да се извршат консултации со претставници на клубовите.
Екипа.мк
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1