Ракометарите секогаш победуваат на Водици- нека продолжи традицијата


Македонските ракометари од 18:15 часот играат против селекцијата на Србија во третото коло од ЕП во Полска.

Традицијата покажува дека секогаш кога нашите ракометари играат на Водици, тие победуваат. На Водици пред четири години на ЕП во Србија, Македонија во клучниот натпревар за пласман во следната фаза ја совлада Чешка со 27:21 и ја оствари целта.rakomet reprezentacija

Исто на Водици во 2009 година Македонија ја совлада Полска и си ги подотвори вратите на втората фаза од Светското првенство во Хрватска. Македонските ракометари тогаш го победија светскиот вицешампион со 30:29 во Вараждин, потоа продолжија во Задар и на крајот во Загреб го освоија 11. место.

Минатата година, на 19-ти јануари на Мундијалот во Катар успеавме да ја победиме селекцијата на БиХ со 25:22 и да стигнеме до пласман во следната фаза.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1