Раскажувал мирно без грам каење – Убиецот ја силувал Тијана пред да ја убие


Српските весници Курир и Телеграф објавија дека Драган Ѓуриќ признал пред полицијата дека ја силувал Тијана пред да ја убие. Монструмот Драган Ѓуриќ во детали раскажал пред полицијата како ја убил Тијана Јуриќ, признавајќи дека физички ја малтретирал и сексуално се изживувал врз неа пред да ја убие.

Осомничениот Ѓуриќ со шамари ја онесвестил и ја качил во автомоблот, по што се упатил од Бајмок кон селото Алекса Сантиќ.

Tijana-Dragan-500Во автомобилот Тијана се освестила и се обидела да се спаси, по што осомничениот го запрел автомобилот, го извел девојчето во високата трева недалеку од патот и сексуално се изживувал врз неа.

Тој во неговата изјава во полицијата изјавил дека на сила ја извадил од автомобилот, ја избришал со својата мајца, бидејќи била крвава и ја силувал додека она вриштела на цел глас.

– И ги откопчав панталоните, соблекувајќи ги заедно со нејзините гаќи. Се спротивставуваше и мавташе со нозете. Остана само со градник и чорапи. Ја избришав со мојата мајца по гениталиите и насекаде и потоа ја силував, изјавил осомничениот пред полицијата.

Потоа, како што изјавил, ја задавил со дуксерот кој го носела за да и го врати на нејзината другарка.

Мртвото тело на 15-годишната Тијана, осомничениот, го ставил во багажник и прво го однел во Сомбор, по што се вратил на местото на злосторството и ја оставил на земја. По неколку часа се вратил со лошата и го закопал телото на несречната девојка на местото, каде што подоцна беше пронајдено од страна на полицијата.

Според податоците од полициската истрага, врз автомобилот на осомничениот не се најдени траги кои укажуваат дека тој прво ја удрил Тијана со автомобилот.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1