Расте бројот на жртви на Менхетен


Најмалку осум лица загинаа, а околу 15 се повредени на Менхетн во Њујорк, кога камионет движејќи се во спротивна насока на велосипедска патека прегази неколку луѓе, пред да удри во друго возило.

Њујоршката полиција соопшти дека по судирот возачот излегол од возилото и извадил имитација на огнено оружје, по што бил застрелан од полицајци и уапсен.

Полицијата информира дека инцидентот, што се случил на брегот на реката Хадсон во јужниот дел на Менхетн, го третира како терористички акт, но дека не трага по други осомничени во врска со случајот,

Њујоршкиот градоначалник Бил де Бласио изјави дека инциднетот претставува „кукавички чин на тероризам, чија цел се невини цивили кои си го живеат својот секојдневен живот“,

Инцидентот се случил пред зградата на елитна државна гиманзија во близина на седиштето на локалната власт на Њујорк, област која се наоѓа во близина на Светскиот трговски центар

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1