Судот го осудува г-динот Ратко Младиќ на казна доживотен затврот. Злосторствата кои се извршени спаѓаат меЃу најстрашните злостросрвата познати на човештвото, вклучуваат геноцид и истребување како злосторство против човештовото, објави судијата Алфонс Орие.
Пресудата, екс генералот на Босанските Срби Ратко Младиќ ја слушна надвор од судницата. Беше остранет од неа откако почна гласно да протестира додека се читаше обвинението.
Се е лага , Се е лага извикуваше Младиќ.
22 години по војната во БиХ, Балакнскиот Касап како што многумина го нарекуваат, е прогласен за виновен за геноцид во Сребреница, за злосторства против човештовото во 15 општини во БиХ, опсадата на Сараево, кршење на обичаите на војување, истребување, убиства, депортации и присилно преместување. Во геноцидот во Сребеница беа убиени речиси 8000 муслимани. Судот го отфрли обвинението за геноцид во други 6 општини.
Судењето на 75 годишниот Младиќ почна во мај 2012 година откако тој кон крајот на мај 2011 година , по 16 години бегството беше уапсен во Србија и испорачан на Хаг.
– Сите знаевме каква ќе биде пресудата. Ова е повик на сите граѓани на Србија да почнат да гледаат во иднина и да гледаат на тоа како ќе живеат нашите деца, да го зачуваме мирот во регионот, отвараме фабрики, да не се гушиме во солзите на минатото, истакна Александар Вучиќ, претседател на Србија.
Процесот против Младиќ е последен за Хашкиот Трибуналот, кој на крајот на годинава ќе ја заврши својата работа по 24 години постоење. Тековните процеси ќе бидат преземени од Меѓународниот Кривичен суд, исто така со седиште во Хаг.