Грчката полиција разби мрежа за недозволена трговија со бебиња кои биле купувани од Бугарки со цел посвојување во Грција, јави БТА
Уапсени се четворица Грци и двајца Бугари вчера во градот Трикала во централна Грција.
Тие се осомничени дека се вмешани во продажба на 11 бебиња на семејни двојки кои сакале да ги посвојат.
Осомничените ја презеле грижата за жените за да родат во грчки болници.