Панче Тошковски по несреќата во Кочани со одлуки за неколку разрешувања во полицијата.
Според првичните информации, разрешени се:
- Началникот на Сектор за внатрешни работи – Штип
- Помошникот на началникот на СВР Штип
- Началникот на Одделение за полиција – Штип
- Началникот на Одделение за криминалистичка полиција – Штип
- Началникот на Одделение за внатрешни работи – Кочани
- Командир на Полициска станица од општа надлежност – Кочани
- Началникот на Надворешна канцеларија за криминалистички работи – Кочани
„Денеска (18.03.2025) во 15.30 часот во Министерството за внатрешни работи, министерот за внатрешни работи Панче Тошковски ќе даде изјава за медиумите“, велат од министерството.