Разрешениот директор на струшкиот затвор Арменд Шаќири ќе биде нов директор на новоформираното струшко јавно претпријатие Паркови и Зеленило, објави порталот СДК. Оваа одлука поминала на Советот на општина Струга.
Тој за медиумите демантираше дека бил дел од криминална група осомничена за трговија со оружје и дрога.
-По наредба на Основниот суд имаше контрола во затворот и јас дадов исказ, но не како осомничен, туку како управител одговорен за установата, изјави Шаќири за Телевизијата 24.
Извори од МВР потврдуваат дека Шаќири сè уште е под истрага.