Реџепи му посака смрт – градоначалникот одговара – Ви простувам во духот на христијанството


Марјан Ристески го изрази своето мислење по скандалозната најава од поглаварот на Исламска верска заедница реис-ул-улема Сулејман Реџепи дека прилепскиот градоначалник ќе се соочи со смртната казна, со која ќе биде казнет од Алах.

marijan ristovski“ ваквиот негов обид со кој се става во углога на радикал над радикалите, иако не сум од исламската вероисповед го замолувам неговиот Алах да му даде сила да остане доследен на принципите на неговата вера кои повикуваат на толеранција, и разбирање наместо да прави работи кои не му доликуваат на лидер на една верска заедница чија работа е да сполотува, а не да разединува и создава тензии. Во духот на христијанството му кажувам дека од мене му е простено за оваа неспретна, необлислена и несреќна изјава. Апелирам до сите оние погодени од оваа изјава да се воздржат од било каква реакција бидејќи целта на изјавата е да предизвика проблеми и контрареакции, и наместо невкусни, дегутантни и приземни провокации да ги збиеме редовите и да гледаме понапред од оние кои сакаат да предизвикаат проблеми“, вели Ристески

Водачот на исламските верници во Македонија оваа најава, која претставува и своевидна закана, ја ставил на својот профил на социјалната мрежа „Фејсбук“, според реисот, казната ќе го стаса исто како што ги стасала повеќето од триесетината прилепчани што во 2001 година ја запалиле џамијата во прилепската чаршија.

Инаку ова е прва најава за нечија смрт од името на Божјата казна што ја изрекол некој од поглаварите на верските заедници во земјава. Од Исламската верска заедница вчера потврдија дека пораката на реисот е автентична и оти го изразува неговиот став

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1