Венизелос стигна во Скопје – не успеа да го избегне „Александар“


Под силно полициско обезбедување, од Приштина во Скопје пристигна министерот за надворешни работи на Грција, Евангелос Венизелос.

venizelosСо ова се остварија претходните најави дека Венизелос нема да ги користи нити аеродромот „Александар Велики“ нити автопатот „Александар Македонски“.

Тој заедно со 20-тина негови соработници, ќе преноќи во хотелот „Александар Палас“, а утре, во својство на претседавач со ЕУ, ќе се сретне со државниот врв, но и со претставници на опозицијата.

За денес се најавени средби со неговиот колега Никола Попоски, министерот за евроинтеграции Фатмир Бесими, шефот на државата Ѓорѓи Иванов, лидерот на ДУИ Али Ахмети, претседателот на СДСМ, Зоран Заев, а за крај е закажаната средбата со премиерот Никола Груевски.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1