Референдумот во Романија најверојатно невалиден – Басеску „се спаси“


Романскиот претседател Трајан Басеску најверојатно го „преживеа“ денешниот референдум.

Гласачките места се затворени, а прелиминарните резултати покажаа дека на гласање излегле помалку од 50 отсто од граѓаните со право на глас.

Басеску, кој беше суспендиран од романскиот  лево-центристички  парламент поради надминување на претседателските овластувања , бараше од своите поддржувачи да го бојкотираат гласањето.

Избиречките места беа затворени во 23 часот по локално време, а првите официјални резултати ќе бидат објавени утре.Според првичните податоци, три часа пред затворањето на избирачките места, на референдум излегле 37,3 отсто Романци со право на глас.

Битката помеѓу претседателот Трајан Басеску и премиерот Виктор Понта предизвика немир кај останатите земји-членки на Европската Унија (ЕУ) бидејќи се одвива во време кога треба да се финализира пакетот за помош на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ),  наменет за Романија. Според последните анкети, направени непосредно пред реферндумот, 65 проценти од испитаниците се изјасниле за смена на актуелниот претседател.

Кој е Трајан Басеску?

Басеску има 60 години и по вокација е капетан на брод.  За првпат беше суспендиран во 2007 година и го „преживеа“ импичментот. Беше обвинет за соработка со тајната полиција за време на комунистичката ера на погубениот екс-претседател на Романија, Чаушеску. Од  1999 до 2000 година беше министер за транспорт, а потоа стана градоначалник на Букурешт.

Share Button

Tags: , ,

Ивана Терзиевска

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1