Собранието со 50 гласа „за“ и 17 „против“ го донесе Законот за изменување и дополнување на Законот за енергетика, по скратена постапка, со кој се предвидува Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) да биде надлежна и за одредување на тарифникот за цената на водата за пиење во сите општини во земјава.
Заменик-министерот за економија Христијан Делев истакна дека ова законско решение е направено со цел преку Регулаторната комисија за енергетика да се стави ред во овој сектор, бидејќи, како што рече, во моментот имаме многу несовесни претпријатија кои наплаќаат вода од граѓаните, но не плаќаат на државата.
Со законското решение се предлага Регулаторната комисија да ги регулира цените на водните услуги, а за тоа нејзиниот состав ќе биде дополнет со двајца експерти.