Регулаторна ќе ја одредува цената на водата


Собранието со 50 гласа „за“ и 17 „против“ го донесе Законот за изменување и дополнување на Законот за енергетика, по скратена постапка, со кој се предвидува Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) да биде надлежна и за одредување на тарифникот за цената на водата за пиење во сите општини во земјава.90718_voda-iz-cesme_f

Заменик-министерот за економија Христијан Делев истакна дека ова законско решение е направено со цел преку Регулаторната комисија за енергетика да се стави ред во овој сектор, бидејќи, како што рече, во моментот имаме многу несовесни претпријатија кои наплаќаат вода од граѓаните, но не плаќаат на државата.

Со законското решение се предлага Регулаторната комисија да ги регулира цените на водните услуги, а за тоа нејзиниот состав ќе биде дополнет со двајца експерти.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1