Рехабилитирани 816 „вештерки“ кои биле спалени на клада


Надбискупот Бамберг во Баварскиот предел Лудвиг Шик, рехабилитирал 816 „вештерки“ по повод одбележување 1000 годишнина од основањето на оваа надбискупија.

„Процесите кои што биле водени претставуваат неправда од сегашно гледиште. На жртвите и нивните семејства им се случила страшна несреќа“, соопштил надбискупот Шик.
Тој потсетил дека уште во 2007 година ја молел јавноста за прошка поради ваквите настани и ветил дека вакво нешто никогаш повеќе нема да се повтори, додавајќи дека како христијани „го осудуваме мачењето и насилството како и смртната казна“. Инаку граѓаните на Бамберг во последните недели интезивно се занимавале на темата за вештерки, а градската управа подготвува, во октомври да се одржи серија на предавања и конференции за „феноменот процесите против вештерките“.

Тие бараат и јавно извинување од Црквата.

Најголемиот процес во Бамберг е воден во 17 век, во три бранови. Вкупно се осудени 816 „вештерки“, а имало, како што се наведува, и повеќе случаи со „вештерки“, кои како што се верува биле во пакт со ѓаволот и правеле зло.
Прогонувањето на „вештерките“ е стара појава во Европа, кулминирала во 15 век, посебно во средна Европа – Германија, Полска, Швајцарија, Холандија, Англија, Шкотска, додека во Италија и Шпанија ваквите процеси биле минимални.
Се тврди дека ниту христијанскиот исток, односно Балканот, не биле поштедени од ова, иако ваквите случаеви биле во значителен мал број.
За историчарите првиот потврден случај на судење на „вештерки“, се случил во Тулуз во 1275 година. Се смета дека биле водени околу 50,000 до 100,000 процеси и дека ретко кој не бил завршен со пресуда за обвинетата.
Додека повеќето од затворениците биле жени, во северна Европа (Финска, Исланд) учеството на мажите било околу 90 проценти.
Последниот случај на осуда на „вештерки“ се случил во Германија во 1775 година.

Share Button

Tags: , ,

Љубиша Владимиров

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1