Почна истрагата за донациите за Ева – ќе се дознае кој ги измами хуманите граѓани


Јавното обвинителство, МВР и Министерството за труд и социјална политика веќе ја започнаа истрагата за измамата со собирањето средства за малата Ева.

Во полиција не пријавиле родителите на Ева туку директорката на клиниката за детски болести,  Аспазија Софијанова.

Родителите на малата Ева велат дека тие не ги собирале парите и дека некој им ја хакирал Фејсбук страницата „Апел за помош на Ева“ и тие веќе некое време немаат пристап до неа.

Групата за помош на Ева пак е комплетно избришана. А на неа беше постиран спорниот документ од бугарската клиника со кој се тврдеше дека за ева се потребни уште 25 000 евра за втора операција.

 https://mkd-news.com/potvrdeno-parite-za-eva-sobirani-so-izmama-video/

Дали семејството знаело за измамата или не??? Тоа ќе го покаже истрагата. Она што ние го знаеме и категорично го тврдиме е дека MKnews.MK на неколку пати разговараше со мајката на Ева на телефонските броеви ставени во апелот за помош. При последниот разговор ( во период кога малата ева веќе била оперирана и вратена во Скопје) мајката ни кажа дека имало компликации, треба и втора операција и потребни се уште пари. И не замоли да објавиме апел за донирање повторно.

Родителите сега признаваат дека страната ,,помош за малата Ева,, ја направиле тие, но тврдат дека некој ја хакирал, како што пренесе 24 вести, таткото им изјавил – Кој раководел или раководи и го избришал “Апел за малата Ева”, јас во среда и четврток ќе викнам да дојдат да видат што се случува со компјутерот.

Се уште е активна страната за помош за малата Ева, каде јасно се гледа што е напишано на 21 август: “Малата Ева се спрема за пат… пат од кој може никогаш нема да се врати… или ќе се врати како победник“. Период кога детето веќе 11 дена било во Скопје.

Овој случај остави разочарани многу добронамерни граѓани кои освен што донираа ја споделуваа веста со своите пријатели, бараа помош од своите пријатели да донираат на сметките и броевите за кои до ден денеска нема сомнеж дека им припаѓаат на семејството на Ева.

Share Button

Tags: , , , , , ,

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1