Потврдено – парите за ЕВА собирани со измама (Видео)


Докторите од бугарските клиники за двете телевизии изјавиле категорично дека лекувањето на Ева во Бугарија завршило на 10 август и таа е пуштена дома откако се е платено. Немало потреба од дополнителни средства.

По објавувањето на сторијата на новинарката Мери Јордановска дека за малата Ева се собирани пари со фалсификуван документ за наводна нова операција на Ева, лавина од реакции и текстови по медиумите. Случајот го истражи и Канал 5 телевизија.

Докторите од бугарските клиники за двете телевизии изјавиле категорично дека лекувањето на Ева во Бугарија завршило на 10 август и таа е пуштена дома откако се е платено. Немало потреба од дополнителни средства.

 

– Немаше да го пуштат девојчето од болница ако не е платено.  Документот кој се објави по медиумите е фалсификуван. Тоа не е потписот на докторката Цонзарова од бугарската клиника. Јас разговарав со неа денеска. Ние досега имаме прекрасна соработка. По службена должност пријавивме во МВР и во јавното обвинителство за фалисфикување документи, изјави за Канал 5 Софијанова.

Платени се 25 000 евра и тоа од Фондот за здравство, а 20 отсто односно 5.000 од родителите.

Дека нешто не е во ред зборуваат и конфузните постови на фејсбук страницата посветена за помош на Ева. Откако првично се објави дека Ева е успешно оперирана и собрани биле парите повторно се објави друг пост  дека недостасуваат пари – откако мкnews стапи во контакт со администраторите на страната и семејството на малата Ева ни беше кажано дека имало компликации и ќе мора на нова операција, а и пост лекувањето било скапо и не замолија повторно да ја објавиме информацијата – што и го сторивме. ДУРИ се инсистираше на наслов дека Ева има уште 10 дена живот – наслов кој го објавија сите медиуми мислејќи дека навистина е итно да се спаси животот на ова мало ангелче. 🙁

По неколку дена стигна информација дека Ева е вратена од Бугарија бидејќи парите не биле собрании нема да има операција додека не се соберат 25 000 евра. Медиумите нормално фрапирани од ова го објавија постот за кои се тврдеше дека е пост на семејството на ЕВА а кој беше доста срцепарателен. Имено на фејсбук беше напишано ,, ве молиме Ева ни умира пред очи, изгубивме надеж – донирајте да ја спасиме,, на што ниту еден медиум не остана глув на овие молби за спас на едно мало бебе, сега се покажува дека дополнителни пари ниту биле потребни, ниту Ева умира без 2итна операција. !!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!

Иронијата да биде поголема медиумите кои денеска контактирале со семејството добиле фрапантна изјава од таткото во која тој признал дека ,, целата ситуација со собирање пари излегла од контрола, но не по нивна вина, бидејќи се појавиле многу лица кои собирале пари за Ева без нивно знаење и на други сметки покрај онаа која тие ја објавиле. Илиевски најави дека утре со неговата сопруга ќе одел во Софија за лично оттаму да ги побараат оригиналните документи за лекувањето на девојчето и да утврдат што точно се случува,,,објави Канал 5.

И од фондот и од скопската детска клиника тврдат дека Ева е овде од 10 август и нема да има 2 операција во Бугарија барем не додека не наполни 1 година.

Мобилните оператори кои обично ги проверуваат документите, броевите ги отвориле по првичниот апел – кога биле потребни мал број средства и откако добиле инфо од семејството дека парите не се собрани телефонските броеви продолжиле да функционираат. Измамата е направена со последниот документ наводно испратен од бугарската клиника дека детето ќе мора на 2 операција за која требаат 25 000 евра.

Сега треба да се истражи кој ја направил измамата. Кој го испратил документот наводно од бугарската клиника дека треба 25000 дополнителни средства, дали документот е фалсификуван или некој му го подметнал на семејството. КОЈ ГИ ИЗМАМИ ХУМАНИТЕ ГРАЃАНИ КОЈ ОД СРЦЕ ДОНИРАА ЗА ДА СЕ СПАСИ ЖИВОТОТ НА ОВА МАЛО АНГЕЛЧЕ??????

Еве ја комплетната видео сторија на новинарката Мери Јордановска за 24 вести

Share Button

Tags: , , , , ,

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1