Реновирани девет дуќани во Старата скопска чаршија


Девет дуќани во Старата скопска чаршија се целосно комплетирани како дел од Проектот за уредување на излозите и натписите на дуќаните во чаршијата, изјави министерот за економија Дритон Кучи, заедно со претседателот на здружението „Еснаф“ Бејтула Морина и претседателот на Советот на Општина Чаир, Захир Бектеши, за време на посетата на старата скопска чаршија.apsenje carsija

– Минатата година министертвото за економија за овој проект издвои 2,6 милиони денари, а годинава дополнителни 6 милиони, додека комплетната реализација на проектот ќе чини 30 милиони денари. Работата продолжува според утврдената динамика и на другите дуќани во рамки на Блокот 3.2, а интересот расте и за другите блокови- рече Кучи.

Претседателот на Советот на општина Чаир, Захир Бектеши, објасни дека станува збор за заеднички проект со Општина Чаир, кој е започнат со поддршка на Европската унија, а продолжил со Министерството за економија.

Реализирањето на проектот треба да придонесе да се врати автентичнот изглед и да се зачуваат културните вредности кои ги има Старата скопска чаршија. Дуќанџиите од Чаршијата, преку здружението „Еснаф“ можеа да аплицираат на јавен повик.

Како што беше речено, денеска подготвена е техничка документација за конзервација, санација и адаптација на 60 дуќани во Старата скопска чаршија. За секој дуќан е подготвен посебен проект во три фази, и тоа: претходен изглед на дуќанот, фактичка состојба и планиран изглед по интервенцијата за уредување на излогот.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1