Репортери без граници: Кежаровски веднаш да биде ослободен!


– Повикуваме за безусловно и без одлагање пуштање на Кежаровски кој е затворен врз основа на невистинита причина. Неговото апсење и обвинение имаат други цели кои властите треба веднаш да ги објаснат- вели организацијата.

Тие објаснуваат дека во Македонија се покажало дека апсењата се често злоупотребувани и организирани за да ги натераат новинарите да ги дадат своите извори на информации и да бидат испитувани за други теми. Репортери без граници ја потсетува Владата и судството дека заштитата на изворите е гарантирана од членот 16 на Уставот, а затворањето на новинар, кој ги крие изворите, е негово законско право, а не нелегална акција.

– Бараме од судот да го повлече обвинението. Местото на Кежаровски е дома кај неговите, а не во затвор!- велат од организацијата.

apsenje kezarovskiСпоред нив, Кежаровски нема направено никакво злосторство и доволно ќе било да биде повикан и за да му бидат поставени прашања. Аспењето на Кежаровски, додаваат, на начинот на кој е сторено преку лисици и со деградирачки сцени, е начин на властите да ги засилат притисоците кои постојано им ги наметнуваат медиумите кои работат особено тешки услови.

– Ние сме загрижени поради постојаната деградација на слободата на информирање во Македонија. Земјата е на 116 место од 179 земји во нашиот светски список на слободата на медиумите. Ако македонската Влада сака навистина да влезе во ЕУ, конкретни и значајни акти ќе треба да бидат направени за да дојде до почитување на истражувачкото новинарство- вели РБГ во своето соопштение.

Освен критиките насочени кон Владата, организацијата бара од Делегацијата на Европската комисија во Скопје дека таа треба, на 14 јуни, кога е организирана консултација за плурализмот на медиумите, да потсети која е важноста на почитувањето на слободата на печатот и дека тоа е главниот критериум за земјите кандидати.

– Ја повикуваме Делегацијата во ЕУ во Скопје да ја сензибилизира македонската влада околу овие барања и да бара, и тоа јавно, Кежаровски да биде веднаш ослободен- вели РБГ.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1