Ресторанот, кој се гради во приземјето на Милениумскиот крст, ќе биде отворен за еден месец, информираат од ЈСП.
– Додека не се донесе водата од новиот бунар, ќе се работи со техничка вода. Изведбата на ресторанот е при крај, а со него ќе стопанисува сопственикот на ресторанот „Воденица“, Стојан Филиповски – изјави Мишо Николов, директор на ЈСП.
Во рамките на крстот е планирано да се гради и црква со конаци според идејното решение на архитектот Јован Стефановски-Жан, кој е автор и на проектот за самиот крст.
Од МПЦ вчера ни изјавија оти стои дека ќе се гради црквата, но кога и со која динамика, не одговорија.