Две и полмесечно бебе меѓу новозаразените од сипаници


Нови 10-ина заразени од мали сипаници се пријавени вчера, меѓу кои е и едно две и полмесечно бебе .

На Kлиниката за инфективни болести моментно се хоспитализирани 12 заболени од морбили, меѓу кои е и бебето, а од јануари досега таму побарале помош 22 пациенти. Повеќето од заболените од морбили претходно не биле вакцинирани – само двајца примиле по една доза од вакцината.

sipaniciЦентарот за јавно здравје прогласи епидемија и ги повика родителите да ги вакцинираат оние што не ја примиле МРП-вакцината, која се дава на возраст од 13 месеци и шест години. Во оние семејства каде што веќе има заболени вакцината треба да ја примат и лицата до 50-годишна возраст.

Министерството за здравство вчера им наложило на вработените на одделите за имунизација при Здравствениот дом – Скопје да ги проверат вакциналните картони на пациентите и да ги повикуваат невакцинираните лица.

Карактеристично за морбилите е што во устата на болниот се јавуваат бели наслојки што се задржуваат два-три дена, а по еден-два дена се јавува и исип на кожата, со висока телесна температура – и до 40 Целзиусови степени. Други симптоми се главоболка, изнемоштеност, вознемиреност, солзење на очите, течење на носот, сува кашлица.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1