Рецепт за Бајадера: Без миксер и рерна, готова за 20 минути


Ова е рецепт за највкусната Бајадера. За неа, дури не треба печка , ниту миксер, да ја направите ќе треба да издвоите околу 20 минути.

состојки:

За Бајадера

bajadera   ● 9 лажица вода
● 200 грама шеќер
● 150 грама ореви, бадеми или лешници
● 250 грама мелени Petit Beurre бисквити
● 170 грама путер
● 100 грама темно чоколадо
● рум

За глазура :

● 100 грама темно чоколадо
● малку масло

подготовка:

1 Во тенџере , додадете вода и шеќер и гответе на тивок оган додека шеќерот целосно не се раствори.

2 Додадете путер , отстранете од шпоретот и мешајте додека не се раствори.

3 Кога путерот е безмалку истопен , додадете ореви и бисквити –  се меша додека не се добие еднаква густа маса .

4 Добиената смеса се дели на два еднакви делови.

5 Се топи чоколадо на пара и помешајте го во првиот дел од смесата, а во втората додадете малку рум.

6 На послужавник или тацна ставете мрсна хартија за печење и и ставете го првиот дел од смесата (таа со чоколадо) и со рацете оформете коцка – а за да биде правилна потоа оформете ги рабовите со  нож.

7 Над неа, на ист начин додадете ја и друга смеса и сторете го истото со ножот.

8 Остатокот од чоколадото се топи на пара во него  додадете малку масло и се прелива врз Бајадерата

Толку – оставете малку да се стврдне и може да се ужива во неа.

9 Bajadera се остава во фрижидер да се стегнат и следниот ден се сече на коцки ако сакате.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1