Револуција во светската медицина: Клониран човечки ембрион!


Американски научници успеале да клонираат човечки ембрион во рана фаза на развој, што е значаен исчекор за светската медицина.

Клонираните ембриони се употребени како извор за матични клетки од кои може да се направи нов срцев мускул, коска, мозочно ткиво или било кој друг дел од човечкото тело.

bremena bebeКлонираните ембриони во фаза на блатоцисти се употребени како извор на матични клетки од кои може да се направи нов срцев мускул, коска, мозочно ткиво или било кој друг дел од човечкото тело. Истражувањето кое е објавено во списанието Cell, наведува дека клонирањето е слично како кај овцата Доли во Велика Британија, која била првиот цицач кој во 1996 година бил успешно клониран.

Сепак, научниците сметаат дека други извори на матични клетки би можеле да бидат полесни, поевтини и помалку контроверзни од овие. Противниците на ваквото клонирање исто така тврдат дека не е етички да се експериментира со човечките ембриони, па поради тоа бараат забрана.

Матичните клетки се инаку најголемата надеж за медицината, со оглед на тоа што може да се креира ново ткиво и да се санира штета предизвикана од срцев удар или пак да направи поправка на оштетениот ’рбетен мозок.

Веќе постојат истражувања во кои матичните клетки од донираните ембриони се употребуваат за да се врати видот кај оние луѓе кои го изгубиле. Но, овие донирани клетки не одговараат на пациентите, па нивното тело би можело да ги исфрли. Со клонирање, овој проблем би се решил целосно.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1