Режисерот на Топ Ган имал агресивен тумор на мозокот – затоа одлучил да се самоубие


Тони Скот, режисерот на филмот Top Gun и Days of Thunder, се самоуби вчера скокајќи од мостот Vincent Thomas во Лос Анџелес. Режисерот на Топ Ган имал агресивен тумор на мозокот – затоа одлучил да се самоубие,велат извори блиски на починатиот.

Според информациите од полицијата тој оставил неколку проштални пораки до своите блиски, за братот, децата, пријателите во кој објаснува зошто се одлучил на самоубиство.

Скот беше самостоен и силен човек, не би можел да поднесе да зависи од некого, посебно да е на товар некому – изјавил негов близок пријател.

Пред некое време на Скот му бил дијагностициран тумор на мозокот кој забрзано се ширел и прашање било дали операција воопшто ќе помогне.

68 годишниот филмаџија околу полноќ се качил на оградата на мостот и веднаш скокнал. Крајбрежната стража го пронашла телото на Скот и според поручникот Џенифер Осбурн во неговиот автомобил, кој бил оставен на еден од паркинзите на мостот, пронајдена е проштална порака. Пораки се пронајдени и во неговата канцеларија.

Скот беше режисер на филмот кој го прослави Том Круз – Топ Ган како и на Полицаецот од Беверли Хилс 2. познат е по тоа што постојано носеше црвена безбол капа. Неговиот брат Ридли Скот е исто така филмски директор. Заедно работеа на драмите на CBS ,,The Good Wif,, и ,,NUMB3RS,,

Share Button

Tags: , , , , , ,

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1